Интернационална група истражувачи водени од британскиот астроном Ник Хоувс го пронашле лунарниот модул користен во мисијата Аполо 10. Леталото било испратено во соларна орбита откако мисијата била завршена пред 50 години и од тогаш орбитира околу Сонцето.

Приказната започнува нешто во мај 1969. Аполо 10 астронаутите Томас Стафорд, Џон Јанг и Јуџин Сирнан ги вршеле клучните маневри околу Месечината, како дел од подготовките за евентуално слетување на неа од Аполо 11 астронаутите во јули 1969.
Стенфорд и Сирнан го одвеле лунарниот модул (LM) со прекар Снупи на само 15.6 километри оддалеченост од површината на Месечината, каде летал неколку часа пред да се врати во командниот модул наречен Чарли Браун. Снупи потоа бил испратен подалеку од гравитациското влијание на нашата планета во орбита која ќе му овозможи вечно да орбитира околу Сонцето.

Проектот да се пронајде Снупи започнал во 2011-та, кога било проценето дека шансите за тоа се 235 милиони према еден. Сега, од Mt. Lemmon Sky Center опсерваторијата во Аризона бил забележан потенцијален објект, за кој Хоувс и неговите колеги сметаат дека е Снупи со 98% сигурност, а тоа го заклучиле преку 102 опсервации, пресметани орбитални податоци и радарски опсервации.
Објектот е премногу блед за да биде видлив со телескопи, па така не е 100% потврдено дека се работи за Снупи, а за жал, тој нема да помине блиску до нашата планета сè до 2037.