Детектирано големо количество метан на Марс - можен знак за живот

Curiosity роверот на NASA детектирал невообичаено високи нивоа на метан во атмосферата на Марс, а сега засега не е познато што го предизвикало ова мистериозно зголемување, т.е дали изворот е геолошки или биолошки.
Овој гас на Земјата обично се креира од биолошкиот живот, покрај геотермалните процеси.



Метанот исто така не се задржува долго во атмосферата, бидејќи бргу се уништува од радијацијата од Сонцето, што во геолошки термини е исклучително краток период. Ова сугерира дека метанот на Марс или бил создаден релативно скоро или бил заробен под површината на планетата и неодамна се ослободил.

Ова не е прв пат Curiosity да детектира метан на Марс откако слета таму во 2012-та, но најновото мерење покажува 3 пати поголема количина на овој гас во споредба со претходното.

За работите да видат уште поконфузни, леталото на Европската вселенска агенција наречено Gas Orbiter задолжено за мерење на гасовите на Марс, повеќе од една година воопшто не детектирало метан.

Научниците на NASA сега се надеваат дека ќе соберат податоци во врска со метанот од неколку различни сонди, со цел да го лоцираат изворот на гасот и да проценат колку долго тој трае во атмосферата на Марс.

Досега, сè уште не постои доказ дека на Марс некогаш имало, или има, биолошки живот. Некои од најубедливите докази дека тој навистина постоел наговестуваат дека тоа можеби било возможно пред неколку милијарди години, кога на Марс можеби имало течна вода – знак кој покажува дека таму би преживеале микроорганизми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...