Тенок слој аерогел би овозможил земјоделство на Марс

Научниците сметаат дека пронашле начин за тераформирање на Марс – сè што ќе треба е тенок слој изолација врз идните вселенски градини. Слој од аерогел дебел само 2 до 3 сантиметри би бил доволен за да ги заштити билките од најтешките аспекти на животот на Марс и да креира одржливи оранжерии во тој процес.



Двата најголеми предизвици со кои се соочуваат идните жители на Марс се температурите и нефилтрираната соларна радијација, која поминува низ тенката атмосфера на планетата и стига до површината. Навечер, температурите можат да достигнат и до -100°C, што е премногу студени за било каква култура да преживее.

Сега, тим научници од Harvard, CalTech и универзитетот на Единбро лабораториски ги рекреирале условите од Марс за да ги тестираат нивните оранжерии со аерогел. Лесниот материјал од силика во најголем дел се состои од воздух и низ него сончевата светлина може лесно да помине за да стигне до фотосинтетичките билки.

Аерогелот филтрирал над 60% од штетната ултравиолетова радијација и над 99.5% од особено опасната ултравиолетова Ц радијација. Исто така, преку ефектот на стаклена градина, аерогелот ја зголемил температурата на почвата за 50°C, што би било доволно мразот заробен под површината да се истопи и да се започне локализирана верзија на циклус на наводнување.



Научниците ги чека долг пат пред да сме спремни да го тераформираме Марс, бидејќи сè уште учиме за сите бизарни и опасни начини на кои вселенското патување влијае врз човечкото тело.

Другите планови за тераформирање на црвената планета вклучуваат огромни огледала насочени кон неа кои би ги истопиле ледените покривки, како и „брилијантниот“ план на Елон Маск да активира нуклеарни бомби на Марс за да се создаде доволно јаглероден диоксид за одржување на атмосфера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто плавуша носи наочари на
стомак?
-Има слепо црево.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...