Hayabusa2 успешно собра примерок од површината на астероид

Јапонската сонда Hayabusa2 успешно собра материјал од под површината на астероидот Ryugu, по комплетирање на второто успешно слетување на овој мал објект.



Ова е прв пат да се собере подземен примерок од вселенски објект подалеку од Месечината, а истиот ќе биде донесен на Земјата следната година. Астероидите останале непроменети милијарди години, па така анализирањето на овој материјал би можело да ни отвори еден вид прозорец кон минатото на Сончевиот Систем.

Во април годинава, сондата испукала мал проектил со тежина од 2.5 килограми, користејќи 4.5 килограми експлозивно полнење, од далечина од 500 метри од местото на ударот. Проектилот креирал кратер со дијаметар од околу 2 метри, а сондата не слетала во него туку во област на околу 20 метри од неговиот центар, од каде биле собрани примероци од материјалот кој бил исфрлен со експлозијата.



Пред да го напушти астероидот, сондата (подоцна овој месец) ќе остави ровер на неговата површина, со чија помош ќе продолжиме да го анализираме до крајот на оваа година.

Сондата ќе навлезе во орбита блиску до Земјата во декември 2020-та, кога ќе го испушти примерокот кој ќе патува низ атмосферата и ќе слета некаде во Австралија. Се очекува сондата да остане со доволно гориво за повторно да се испрати во длабоката вселена да набљудува некој друг објект блиску до Земјата во иднина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Направиле Јапонците робот во се ист како човек и викнале Јапонка, Французинка и Кумановка да го испробаат.
Прва влегла Јапонката, останала внатре едеп час и излегла мошне...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1883.- Во Прага е роден Франц Кавка, австриски...
1894.- Француските трупи и покрај херојскиот...
1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар...
1962.- По 132 години француска колонијална...