Нов доказ посочува дека сите комети во Сончевиот Систем потекнуваат од исто место

Сите комети во нашиот Сончев Систем можеби потекнуваат од исто место, што можеби го објаснува фактот како настанал животот на Земјата.



Тим американски и европски научници откриле дека 14 различни комети потекнувале од исто време и место – протопланетарен диск кој орбитирал близу нашето „тазе“ формирано Сонце, според студија која ќе биде објавена во журналот Astronomy & Astrophysics.

Моделот кој бил употребен во студијата сугерирал зона околу Сонцето, во просторот каде јаглеродниот моноксид се претвора во мраз, релативно оддалечен од јадрото на новото Сонце. На овие локации, температурата изнесува околу -250 °C, и таму сите молекули се замрзнати.

Преку разни други модели, познато е дека во оваа “замрзната фаза“ се случуваат бројни реакции кои се бавни (и траат од 100 000 до 1 милион години), што објаснува зошто различни комети имаат различен состав.

Со оглед на тоа дека ударите на комети се сметаат за потенцијален извор на органските материјали на Земјата, истражувањето на оваа нова приказна за космичко потекло може да доведе до подобро разбирање на потеклото на животот на Земјата.

Иако оваа студија е премала за да се земе како дефинитивен доказ дека сите комети потекнуваат од исто место и од ист временски период, сепак се работи за интересна почетна точка за идни истражувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...