NASA објави 3D мапа на Mесечината наменета за визуелните артисти

NASA за јавноста објави прецизна 3D визуелизација на површината на Месечината.

„CGI Moon kit” (пакет за креирање на компјутерски слики од Месечината) се состои од податоци од лунарниот орбитер на NASA, кој веќе 10 години кружи околу Месечината, забележувајќи топографски податоци.



Со помош на овие податоци била креирана прецизна 3D мапа на Месечината, која агенцијата ја објавила и ја ставила на располагање на јавноста, конкретно за 3D артистите, но и за останатите визуелни дизајнери кои ќе можат да ја користат во било која форма на визуелна уметност за креирање на фотореалистичен модел на Месечината.

Инаку, ресурсите од орбитерот во почетокот биле наменети да бидат на располагање исклучиво на NASA, но по неколку добиени барања, било решено тие да се на располагање на јавноста.



Орбитерот е опремен со камера која функционира како скенер, креирајќи слики линија по линија, а има и ласерски алтиметар кој користи ласерски пулсеви за детектирање на димензиите на Месечината.

Пакетот е бесплатен за превземање и содржи разни видови на податоци и слики, како на пример „displacement“ мапа која ја визуелизира топографијата преку боја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...