Virgin Galactic ги претстави оделата за идните туристички летови

Virgin Galactic во соработка со американскиот производител на спортска опрема Under Armour креираше линија на вселенски одела, дизајнирани да бидат носени од идните патници на SpaceShipTwo, суборбиталниот вселенски авион на Virgin Galactic.



Оделата се составени од основен слој наменет да функционира како „втора кожа“ за телото и комбинизон за чија изработка се употребени сите материјали за подобрување на перформансите од понудата на Under Armour. Тоа вклучува материјали кои ладат, лесно се сушат, ја отстрануваат влагата и сл.

Основниот слој се состои од маица со долги ракави и хеланки, изработени од материјал со минерали кој ја „рециклира“ енергијата на телото, така што ја апсорбира топлината од него и ја конвертира во инфрацрвена енергија која потоа се реемитува назад во телото и го подобрува крвотокот, перформансите, енергијата и заздравувањето.

Under Armour користеле специфична мешавина од предива и влакна за да се обезбеди доволно топлина и да се менаџира потењето. За да се спречи прегревање или премрзнување, оделото има специјална вентилација на специфични делови од телото како лактите, горниот дел од грбот и абдоменот, со што се постигнува оптимално загревање или ладење.



Наместо вообичаено крупните чизми, оние на Under Armour се исклучително функционални и изработени во ист стил како и оделото, а инспирација за нивниот дизајн биле обувките на возачите на тркачки автомобили.

Virgin Galactic сè уште се подготвуваат за нивниот комерцијален лет, на чија листа на чекање се наоѓаат повеќе од 600 патници кои веќе платиле барем депозит од вкупната сума од $250 000 колку што чини една карта и од кои дел чекаат и повеќе од 10 години за пат во Вселената.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...