NASA ја претставија нивната досега најмоќна ракета

По многу години одложување, NASA конечно го претставија нивниот т.н Систем за вселенски лансирања (SLS – Space Launch System), кој планираат да го користат за да ги однесат американските астронаути на Месечината до 2024-та.

Се работи за најмоќната досега направена ракета, од која било објавено видео снимено за време на тестирањето на резервоарот за гориво, кој намерно бил уништен во процесот. Истиот може да издржи повеќе од 260% од очекуваното оптеретување кое би го имал за време на летот, пред да се распадне.

Резервоарот е дел од јадрото на SLS и ќе игра клучна улога во мисијата Artemis на NASA, со која ќе бидат испратени товар и астронаути на Месечината, бидејќи SLS е единствената ракета во која одеднаш може да се „спакуваат“ Orion (леталото на NASA за истражување на длабоката вселена), астронаутите и товарот.

SLS проектот бил соочен со многу одложувања и чинел околу 17 милијарди долари за да се развие, а оригинално планираниот прв тест лет требало да се случи оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...