Потврдено постоење на планети како „шеќерен памук“

Нови опсервации со вселенскиот телескоп Хабл потврдиле постоење на „шеќерен памук“ планети – млади егзопланети со големина на Јупитер кои имаат една стотинка од неговата маса.



Овие објекти се многу ретка и уникатна класа на млади планети, а ништо слично на нив не постои во нашиот Сончев Систем. Тие имаат многу мала густина (поради што им е даден описот дека изгледаат како да се од шеќерен памук), а новите анализи на 3 такви планети кои орбитираат околу ѕвездата Kepler 51 (која е слична на нашето Сонце, а се наоѓа на 2600 светлосни години далечина од нас) сугерираат дека тоа можеби е привремена фаза на одредени планети.

Тие биле за прв пат идентификувани во 2014-та, а со последните опсервации е потврден нивниот состав. Истражувачите од универзитетот на Колорадо проценуваат дека сите три планети имаат густина помалечка од 0.1 грам на кубен сантиметар волумен, што е скоро идентично на онаа на шеќерниот памук.

Тимот истражувачи верува дека овие 3 планети биле формирани далеку од нивната ѕвезда, а потоа почнале да се движат кон неа. Моделите сугерираат дека системот е сè уште во неговиот зачеток и ќе продолжи да се менува во следните неколку милијарди години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...