Првите колачиња зготвени во Вселената се вратија на Земјата

Првите колачиња во светот кои биле зготвени во Вселената се вратија назад на Земјата каде ќе бидат анализирани од научниците.



Првите колачиња, т.е првото било што зготвено во микрогравитација, е направено од астронаутите на Интернационалната Вселенска Станица (ISS) пред Божиќ, откако експериментална рерна била испратена во станицата во ноември.

Астронаутот Кристина Коч – која само што го сруши рекордот за жена која најдолго време поминала во Вселената – заедно со астронаутот на ЕСА (Европската Вселенска Агенција) Лука Пармитано на Twitter ја споделија фотографијата од колачињата, кои за жал не смееле да ги пробаат.

Наместо тоа, тие индивидуално биле завиткани и испратени „дома“ на 7-ми јануари кога капсулата Dragon на SpaceX се враќала на Земјата.

Колачињата биле направени од замрзнати дискови готово тесто за колачиња на DoubleTree, во прототип на рерна креирана од Zero G Kitchen и Nanoracks.

Биле испечени 5 колачиња (едно по едно), а рерната била специјално дизајнирана да функционира во микрогравитациско опкружување.

Бидејќи конвекцијата (струење на топлината) не е возможно во микрогравитација поради недостаток од гравитација, печењето било направено со електрични греачи слични на тостер.

Целта на проектот е да се направи обид долготрајните вселенски патувања да бидат погостопримливи и да се тестира како храната се однесува во микрогравитација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...