Конкурс на НАСА за името на новиот истражувачки ровер

НАСА во јули испраќа нов истражувачки ровер на Марс, па побара од американските ученици да предложат име за возилото.

Децата ширум САД, од оние на предучилишна возраст па се до средношколци, предложија 28.000 имиња, од кои во полуфиналниот избор влегоа 155, а во финалето – девет предлог-имиња.

За нив може да се гласа на интернет-анкетата на НАСА, која е отворена до 27 јануари. Следува списокот називи за кои може да се гласа:

1) Endurance (Издржливост);

2) Tenacity (Истрајност);

3) Promise (Ветување);

4) Perseverance (Упорност);

5) Vision (Визија);

6) Clarity (Јасност);

7) Ingenuity (Генијалност);

8) Fortitude (Сила);

9) Courage (Храброст).

Резултатите ќе бидат објавени на 15 март. Ученикот предлагач, чие име ќе има најмногу гласови, ќе има прилика да го проследи лансирањето на роверот. Истражувачкото возило, како што е предвидено, ќе слета на кратерот Језеро, крстен по населба во Босна и Херцеговина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...