Откриена најблиската „новороденче“ планета до Земјата

Тим истражувачи од технолошкиот институт Рочестер откриле објект кој сè уште се формира на 330 светлосни години од Земјата, а најверојатно се работи за најмладата планета толку блиску до Сончевиот Систем.



Астрономите проценуваат дека објектот е стар помалку од 5 милиони години, и дека орбитира околу неговата ѕвезда на далечина од 600 AU (астрономски единици). Инаку, 1 AU = далечината помеѓу Земјата и Сонцето. Тој има маса 10 пати поголема од онаа на Јупитер, што го става во категоријата гигантска планета/кафеаво џуџе.

Објектот е откриен благодарение на Gaia, мисијата на Европската Вселенска Агенција чија цел е продуцирање на најдеталната мапа досега на Млечниот Пат. Леталото инаку ги следи точните позиции на над милијарди ѕвезди.

Истражувачите со помош на Gaia ги набљудувале суб-ѕвездените објекти (планети или кафеави џуџиња) во групата ѕвезди Epsilon Chamaeleontis, а новооткриениот објект заслужува студија за подобро да разбереме како бил формиран и колку точно е стар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е сер Џошуа Рејнолдс, англиски...
1872.- Роден е Раул Амундсен, норвешки поларен...
1885.- Воспоставена е британска колонијална...
1940.- Адолф Хитлер ја издаде директивата...