AI мрежа идентификувала 11 астероиди кои можат да удрат во Земјата

Тим истражувачи од универзитетот Лејден во Холандија развил нервна мрежа наречена “Hazardous Object Identifier” (идентификатор на опасни објекти), систем со вештачка интелигенција (AI) кој може да предвиди дали некој астероид е на курс за судир со Земјата.



Новиот AI систем идентификувал 11 астероиди кои претходно не биле класифицирани како опасни од страна на NASA, сите со дијаметар поголем од 100 метри – доволно големи да експлодираат со сила на стотици нуклеарни оружја при удар со Земјата, потенцијално уништувајќи цели градови. Студијата инаку била фокусирана на астероидите кои би можеле да се доближат на 7.5 милиони километри до нашата планета.

Сите овие не претставуваат непосредна закана, бидејќи не само што шансите да удрат во Земјата се астрономски мали, туку тие ќе се доближат до нас помеѓу 2131 и 2923 година

Со помош на суперкомпјутер, истражувачите направиле симулација на 10 000 години вредни орбитални движења на планетите во Сончевиот Систем, а потоа и симулација на движењата на астероидите и следење на нивните точни локации и орбити.

Симулацијата служела како тренинг за нивната нервна мрежа, со која потоа биле анализирани податоците од симулираните астероиди кои евентуално би можеле да удрат во Земјата.

За да проценат дали AI системот бил ефикасен во забележување на астероидите кои претставуваат потенцијална опасност, нивните податоци биле споредени со податоците со кои веќе располага NASA за 2000 астероиди, по што било заклучено дека тој бил скоро 91% прецизен во тоа.

Тимот истражувачи сега работи на зголемување на прецизноста на AI системот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...