Марула растена на ISS е безбедна за јадење

Астронаутите кои живеат на интернационалната вселенска станица (ISS) успеале успешно да израснат марула која е безбедна за јадење, што би можело да го отвори патот кон снабдување со свежа храна на идните мисии наменети за далечни вселенски истражувања.



Иако салатата била израсната под различни услови во споредба со оние на Земјата, како што се пониската гравитација и поинтензивната радијација – таа била безбедна за јадење и хранлива скоро колку и земјоделските култури на Земјата.

Астронаутите на ISS помеѓу 2014 и 2016 соработувале со истражувачите од вселенскиот центар Кенеди за да ја тестираат способноста за растење природни продукти во вселената, а марулата била израсната од стерилизирано семе ставено во комора креирана од NASA (наречена Veggie) опремена со LED осветлување, систем за наводнување, и систем за надгледување на условите како температурата, јаглеродниот диоксид и влажноста на воздухот.

Овие податоци потоа биле испраќани на научниците на Земјата кои таквите услови ги имитирале во Veggie комората, за да се споредат резултатите.

И на двете локации (Земјата и ISS) марулата растела во период од 33 до 56 дена, а хемиските и биолошки анализи покажале дека онаа растена во Вселената имала сличен состав до таа од Земјата, иако во некои тестови била побогата во калиум, натриум, фосфор, сулфур и цинк.

Некои плодови имале и феноли, молекули кои имаат антивирусни, антиканцерогени и антивоспалителни карактеристики.

Марулата можеби нема преголема нутрициона вредност, но со ваквите истражувања ќе можат да се идентификуваат видовите на овошја и зеленчуци кои успешно би можеле да се растат во вселената и кои би биле корисни за надополнување на постоечката исхрана на астронаутите која моментално се состои претежно од суво овошје, чоколадо, путер од кикирики, кокошкино и говедско месо – сето тоа замрзнато, загреано и стерилизирано за да трае подолго.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...