5 нешта кои се понакви кога сте во Вселената

Астронаутите минуваат месеци во Вселената, при што нивните „земни“ навики и потреби не може да се изостават. Но, сите тие секојдневни, вообичаени појави, предмети, состојби, дејствија – таму горе изгледаат поинаку.

1.Пламенот не се издолжува



На Земјата, огнот под влијание на воздухот околу него, добива издолжен облик. Во Земјината орбита, при бестежинска состојба, пламенот од свеќата, на пример, нема таков нагорен тек, па огнот добива сферичен, полутопчест облик. Пламенот на Меѓународната вселенска станица (МВС), исто така, е послаб отколку на Земјата, но може да трае подолго.

2.И водата зоврива во топчеста форма

Во Вселената, кај водата што врие се појавуваат меури од пареа, исто како на Земјата. Но, тие не се издигнуваат, токму поради отсуството на гравитација. Пареата тука не е „полесна“ од водата и од воздухот. Наместо тоа, помалите меурчиња се спојуваат меѓу себе и создаваат еден поголем меур.

3.Бактериите се помоќни



Без Земјината тежа, бактериите многу побрзо се размножуваат. Тоа ја зголемува и нивната моќ, па така стануваат поотпорни на антибиотици и посмртоносни.

4.Спиење во вреќи со каиши

За да не лебдат во воздухот, астронаутите на МВС мора да се врзат во своите вреќи за спиење.

5. Вселената не се пијат газирани сокови

На Земјата, кога се пие газиран сок, поради тежата, течноста и гасот се одделуваат во стомакот. Течноста оди надолу, а гасот – нагоре. Тоа во секојдневието се нарекува подригнување. Во Вселената е можно само „влажно подригнување“, што го прави пиењето газирани пијалаци крајно непријатно… Човекот буквално треба да поврати за да го исфрли гасот од себе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Господ решил да ја посети земјата и да види колку се добри луѓето. И се симнал облечен како скитник седнал да проси. Поминало долго време никој ништо не му дал и тоа време досол...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ИЗВЕСТУВАЊЕ: На регионалниот патен правец Р2431 Штип - с.Аргулица - Плачковица (детско...
Верски календар
На денешен ден
1784.- На островот Кодијак, на Алјаска формирана...
1867.- Роден е Џон Голсфорди, англиски писател,...
1909.- Во Солун е извршен втор неуспешен обид за...
1915.- Во селото Никифорово, гостиварско, е...