DARPA прави роботски механизам за поправање вселенски летала

DARPA гради нов робот наменет за поправање на вселенски летала додека се во Вселената.

Ова ново летало изгледа слично на комерцијален сателит, но има две роботски раце на кои можат да се вградат разни алатки кои овозможуваат мноштво функции, во зависност од она што треба да се поправа.

Доколку сè оди според планот, ваквите летала ќе бидат постојано во орбитата и ќе бидат „повикувани“ во акција. Кога тоа ќе се случи, тие ќе долетаат до леталото на клиентот, автономно ќе се прицврстат на него со помош на машинска визија со систем за вештачка интелигенција и ќе ги извршат посакуваните поправки или испорачаат некаков товар.

Рацете на роботот се долги скоро 2 метри, а наместо дланка со 5 прсти имаат серија алатки кои можат да се менуваат по потреба.

Тој ќе може да се користи и за транспортирање на нефункционалните сателити надвор од орбитата.

Роботот се контролира со комбинација од автономна технологија и програмирани инструкции.

Тестирањето се планира за подоцна следната година или во почетокот на 2022, за потоа, доколку сè е во ред, да биде лансиран во орбитата во 2023.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...