„Огнен прстен“ над Африка и Азија

Луѓето во Африка и Јужна и Југоисточна Азија вчера имаа можност да видат делумно затемнување на Сонцето. Тоа беше оној познат „огнен прстен”, кога Месечината покрива голем дел од внатрешноста на Сончевиот диск, но не и целиот круг.

Овој астрономски феномен се случува еднаш до двапати годишно. Годинава тој беше видлив во средишната област на Африка – ДР Конго, Јужен Судан, Етиопија, по што се насочи кон Азија, ги помина Индија и Кина и натаму заврши над Тихиот Океан.

При оваа појава, Месечината минува меѓу Сонцето и Земјата во совршена линија, на растојание такво што нашиот природен сателит го покрива Сонцето, но не потполно како при целосното затемнување, туку само средишниот дел од дискот. Затоа и се нарекува „огнен прстен”.

Земјата, Месечината и Сонцето беа во совршена линија цели 38 секунди. Следната ваква можност, ќе ја имаме за 14 години, според директорот на Астрономското друштво во Дубаи, Хасан ал Харири.

Тој рече дека корона-пандемијата ги спречи групните собири за следење на оваа ретка појава, но имаше и преноси во живо на миговите кога Месечината минуваше меѓу нашата планета и Сонцето. Ниту облачното небо не ги спречи астрономите аматери во Индија, каде што затемнувањето беше видливо над Њу Делхи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...