Лошото време го одложи лансирањето на првиот словенечки сателит во Вселената

–Лошото време во Француска Гвајана повторно го одложи лансирањето на првиот словенечки сателит во Вселената, јави дописникот на МИА од Љубљана.



Во последен момент беше откажано лансирањето на ракетата носач, која практично во орбитата требаше да ги однесе сателитите наречени Трисат и Немо ХД.

Засега не се знае кога ќе биде следниот обид за лансирање на ракетата Вега од космодромот во Француска Гвајана.

Извршниот директор на Аријанаспејс Стефан Израел, изјави дека во последен момент се одлучил да не ризикува и да го откаже лансирањето, а причина се детектираните силни висински ветрови.

Инаку, словенечкиот сателит Трисат се развиваше неколку години, а во неговата изработка учествуваа студенти од Универзитетот во Марибор и стручњаци од приватната словенечка компанија „Скајлабс“ Сателитот тежи пет килограми и ќе орбитира околу земјата на височина од 530 километри. Во функција ќе биде околу шест години, а таму ќе биде со цел да се тестира работата на нано сателити во кои се вградени соларни панели. Ако тестирањето помине успешно тогаш овие панели кои се развиени во Словенија ќе се продаваат во целиот свет.

Првично ракетата со сателитите требаше да биде лансирана во март, но поради епидемијата на коронавирусот беше одложено за јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...