Емиратите ја лансираа првата ракета за Марс

Обединетите Арапски Емирати денеска ја лансираа својата прва мисија на Марс од космодромот во Јапонија, што е исто така прва меѓупланетарна мисија на арапска земја.



Лансирањето на ракетата наречена „Амал“ од вселенскиот центар „Танегашима“, на мал остров на југот на Јапонија, првично беше планирано за минатата среда, но беше одложено поради лошите временски услови.

Ракетата ќе носи инструменти за проучување на горното ниво на атмосферата и следење на климатските промени на Марс, а околу оваа планета треба да кружи најмалку две години.

Обединетите Арапски Емирати наведуваат дека на овој начин, за првпат, ќе може да се добие целосен увид во атмосферата на Марс во различни периоди.

– Мисијата на ОАЕ чини 200 милиони долари, рече министерката за напредни науки Сара Амири.

Обединетите Арапски Емири досега лансираа три набљудувачки сателити, но ниту еден не излегол од орбитата на Земјата. Јапонија има своја мисија на Марс, која е планирана за 2024 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...