Мистериозна магнетна аномалија над Земјата

НАСА веќе неколку години активно следи една необична аномалија во магнетното поле на Земјата. Се работи за поголема област со помал магнетен интензитет на небото меѓу Јужна Америка и Африка.



Овој феномен, наречен Јужно-атлантска аномалија (ЈАА), со години ги збунува научниците. Сателитите се особено чувствителни на ослабената јачина на магнетното поле во рамки на аномалијата, зашто поради тоа тие се поизложени на честички од Сонцето, пишува списанието „Science Alert“.

ЈАА генерално не влијае на животот на Земјата, но има ефект врз движењето на сателитите и вселенските летала, вклучително и на Меѓународната вселенска станица. Кога вселенското летало поминува низ аномалија, нивните технолошки системи може да се соочат со дефект доколку бидат погодени од високоенергетски протони.

Се смета дека основниот извор на аномалијата е вител на стопено железо во јадрото на Земјата. Движењето на оваа метална маса создава електрични струења кои обликуваат магнетно поле околу Земјата и, се чини, тоа не е секаде исто.

Иако ова е сè уште голема мистерија за научниците, неодамнешните истражувања понудија некои увид во причините и последиците од оваа необична појава. Така, на пр., НАСА во 2016 година објави труд каде што се открива дека аномалијата полека се движи во северозападна насока.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...