На Венера пронајден гас што на Земјата е признак на живот

Во атмосферата на Венера се откриени траги од гасот фосфин, што може да навести досега непознати за науката процеси на оваа соседна планета.



Имено, тоа ги покренува претпоставките дека може да има живи организми во облаците во Венера, бидејќи присуството на фосфинот на Земјата е признак на живот, објави Би-би-си.

Фосфинот е гас чија молекула се состои од еден атом на фосфор и три атоми на водород. На Земјата, соединението се поврзува со живот, т.е. со микроби кои живеат во цревата на пингвините или во средини со послабо присуство кислород, како што се мочуриштата.

Фосфинот на Земјата е запалив, има мирис и е отровен, а го произведуваат бактерии на кои не им е потребен кислород. Така, се поставува прашањето – од каде потекнува фосфинот на Венера?

Со оглед на сè што знаеме за Венера, никој сè уште не е во можност да го опише абиотскиот пат до фосфинот, барем не за откриените количини. Тоа значи дека животниот извор на фосфин е можен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...