Јапонци работат на дрвени сателити

Јапонската компанија Сумитомо и Универзитетот во Кјото заеднички ги развиваат првите дрвени сателити во светот. Првите резултати се очекуваат до 2023 година, а целта е намалување на отпадот во орбитата.



Партнерството ќе почне со експериментирање со различни видови дрво во екстремни услови на Земјата, за нивна намена во Вселената.

Вселенскиот отпад станува голем проблем поради испраќањето на сè повеќе сателити околу Земјата. Дрвените сателити ќе се распаднат без да испуштаат штетни материи во атмосферата и нема да има паѓање остатоци на Земјата.

Професорот и астронаут Такао Дои од Универзитетот во Кјото, смета дека тоа ќе има исклучително позитивно влијание на Земјата.

– Следната фаза ќе биде развој на инженерски модел на сателит, а потоа ќе произведеме и летечки модел, додаде тој.

Како астронаут, Дои ја посети Меѓународната вселенска станица во март 2008 година.

Во овој момент има речиси 6.000 сателити околу Земјата. Според Светскиот економски форум, околу 60 отсто од нив не работат (поточно, веќе се отпад). Истражувачката компанија „Еуроконсулт“ проценува дека оваа деценија, секоја година ќе бидат лансирани 990 сателити. Тоа значи дека до 2028 година во Земјината Орбита ќе има околу 15.000 сателити.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...