Нова иницијатива за барање докази за вонземска технологија

Меѓународен тим истражувачи предводен од астрономот од Универзитетот Харвард, Ави Лоуб, објави нова иницијатива насочена кон барање докази за вонземска технологија, пренесува БТА.



– Со оглед на неодамнешното истражување кое покажува постоење на многу планети слични на Земјата во нашата галаксија, не можеме да ја игнорираме можноста дека технолошки цивилизации може да постоеле и пред нашите. Влијанието што секое откривање на вонземска технологија може да го има врз науката, врз нашата технологија и врз нашиот поглед на светот воопшто – ќе биде огромно!, смета професорот Лоуб.

Иницијативата, наречена „Проект Галилео“, бара инсталирање и употреба на светска мрежа на средни телескопи, камери и компјутери за проучување на неидентификувани летачки објекти. Проектот веќе има добиено финансирање од 1,75 милиони американски долари.

Во проектот учествуваат истражувачи од американските универзитети Харвард, Принстон и Калтех, како и Кембриџ во Велика Британија и од Универзитетот на Стокхолм. Веста доаѓа еден месец откако Пентагон објави извештај за вонземјаните, во кој се заклучува дека десетици воздушни феномени забележани од воени пилоти не можат да се објаснат.

– Не се политичарите или војската оние што треба да го толкуваат она што го гледаме на небото – тие не се научници. Научната заедница треба да разбере што се случува, рече Лоуб.

Покрај НЛО-а, „Проектот Галилео“ има за цел да ги проучува меѓувездените објекти што го преминуваат нашиот Сончев систем и да бараат можни вонземски сателити кои ја набудуваат Земјата.

Проф. Лоуб во сѐ ова гледа нова гранка на астрономијата наречена „вселенска археологија“, којашто покрај потрага по вонземски живот, ќе се обидува да открие и радиосигнали од вонземско потекло.

Ави Лоуб (59), е научник од израелско-американско потекло. Веќе има објавено стотици иновативни написи и трудови и соработувал со Стивен Хокинг. Тој е автор на полемичкиот научен труд, што тврди дека меѓуeѕвезден објект што накратко го преминал нашиот систем во 2017 година, можеби бил вонземско летало на сончева енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...