„Virgin Galactic“ продаде уште 100 билети за вселенски патувања

„Virgin Galactic“ продала околу 100 билети на заинтересирани вселенски туристи последниве месеци. Откако основачот на компанијата Ричард Бренсон полета во Вселената летово, компанијата ужива невиден интерес за вселенскиот туризам. Првите следни комерцијални вселенски летови се очекува да почнат до крајот на 2022 година, соопшти компанијата.



Сегашната цена за место во едно од леталата е 450.000 долари – многу повисока од 200.000 – 250.000 долари, колку што платиле околу 600 клиенти од 2005 до 2014 година. Вкупно, компанијата веќе продала 700 билети.

– Влегуваме во период на подобрување на „вселенската флота“ со јасна визија за зголемување на издржливоста, доверливоста и предвидливоста на нашите летала како подготовка за комерцијални летови следната година, рече извршниот директор Мајкл Колгласер.

– Побарувачката за вселенски патувања е многу голема и ги продаваме билетите многу побрзо од очекуваното.

Основана 2004 година, „Virgin Galactic“ се претставува како агенција за вселенски туризам. Во септември доживеа критики, откако Федералната управа за воздухопловство (ФАА) откри дека летот во јули отстапил од определениот воздушен простор и фирмата „не ја пријавила незгодата“.

Во октомври, од компанијата соопштија дека ја одложуваат мисијата со членовите на италијанските воздухопловни сили за неколку месеци. Денес е во тек процес на подобрување на леталата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...