Враќањето на Месечината е одложено

Враќањето на човекот на Месечината во рамки на американската програма „Артемис“ е поместено од 2024 година – „најрано во 2025 година“, изјави вчера директорот на НАСА, Бил Нелсон.



Американската Национална воздушно-вселенска администрација чекаше решавање на правниот спор околу развојот на системот за слетување на Месечината, за да објави нова временска рамка.

– Изгубивме седум месеци поради спорот и најмногу затоа, го одложивме првото слетување на луѓе – најрано до 2025 година… Но, и поради други причини, изјави Нелсон.

Крајниот рок за 2024 година беше поставен од администрацијата на Доналд Трамп, но тој беше „технички неостварлив“, посочи Нелсон. Тој, исто така, критикуваше и за малкуте парични средства што Конгресот ги одвои последниве години за развој на систем за слетување на Месечината.

Нелсон го навести и „сега можниот датум на поаѓање“ на мисијата „Артемис 2“, којашто е прва во програмата, но тоа нема да биде „мај 2024 година“, како што беше првично најавено.

– Оваа втора мисија, ќе оди најдалеку колку што човекот некогаш отишол – до 65.000 километри зад Месечината, а потоа ќе се врати на Земјата, рече Бил Нелсон.

„Артемида 1“, првата пробна мисија на Месечината без астронаути, е најавена за февруари 2022 година, според планираното.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...