НАСА ќе лансира ракети од Австралија за првпат по 27 години

Американската вселенска агенција НАСА е подготвена да лансира ракети од Австралија, првпат по 27 години, истакна австралискиот премиер Ентони Албанезе.

Ова ќе биде прво комерцијално лансирање вон САД во историјата на НАСА и прво лансирање ракета на НАСА од Австралија по 1995 година. Три ракети со суборбитален дострел ќе полетаат од Вселенскиот центар „Арнем“ во Северната Територија, во сопственост и управуван од комерцијалната компанија „ Equatorial launch Australia”.

Летовите се закажани меѓу 26 јуни и 12 јули годинава.

– Задоволство е да се биде овде во (градот) Дарвин денеска за да го објавиме заедничкото лансирање, истакна Албанезе.

Ракетите ќе се користат за астрофизички испитувања што може да се направат само од јужната хемисфера, соопшти НАСА. Тие ќе ја истражуваат хелиофизиката – природата и влијанието на Сонцето и феномените на планетарната наука.

– Лансирањето летово ќе ни овозможат да истражиме како светлината на ѕвездата меѓу другото може да влијае и на животната средина на планетава, изјави Ники Фокс од НАСА.

Албанезе рече и дека овој проект ќе ги обедини светската и локалната индустрија и „ќе го одведе вселенскиот сектор на Австралија во нова ера“. А пак, шефот на Австралиската вселенска агенција, Енрико Палермо нагласи дека лансирањето ќе го зајакне „долгогодишното партнерство на Австралија и САД“ во мирољубивото користење на Вселената.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...