ЕСА објави нови фотографии од Марс

Орбитерот „Марс експрес“ којшто ѝ припаѓа на Европската вселенска агенција (ЕСА) објави нови фотографии од Марс.



Сателитот орбитира околу Марс од 2003 година, а во април испрати фотографии од огромната рамнина Утопија Планитија, која се наоѓа во поголемата област Утопија – на северната полутопка на „Црвената Планета“. Рамнината е двојно поголема од пустината Сахара и е претежно покриена со мраз.

-Најновите снимки испратени од орбитерот ,,Марс експрес” на ЕСА покажуваат две бразди во кората на Марс кои се дел од моќниот систем на кањонот Валес Маринерис, соопшти ЕСА.

Валес Маринерис е споредуван со американскиот Голем Кањон, со тоа што САД се многу помали од Марс. Овој кањон е долг вкупно 4.000 километри, широк 200 километри и длабок до седум километри, што значи дека е десет пати подолг, 20 пати поширок и пет пати подлабок од Големиот Кањон. Всушност, Валес Маринерис се смета за најголемиот систем кањони во Сончевиот систем и се верува дека е формиран со одвојување тектонски плочи.

На новите фотографии јасно се гледаат два кањони од западот на Валес Маринерис, лево (југ) е Харизма со должина од 840, а десно (север) е Титониум Часма долга 805 километри. Фотографиите со висока резолуција ја прикажуваат површината подробно, па можно беше да се дознае и колку се длабоки кањоните – околу седум километри.



Сликите покажуваат и други карактеристики, вклучително и песок што можеби дошол од блиското вулканско подрачје Тарсис – планинска верига што се издигнува до 3.000 метри височина, а содржи сулфатни минерали и тука имало неодамнешно лизгање на земјиштето. Фотографиите беа објавени во различни бои и нијанси, а секоја покажува различни одлики на богатата површина на планетата.

Орбитерот претходно откри и ледени езера под површината на Марс, а ЕСА очекува уште повеќе од своето софистицирано летало.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...