Роскосмос откри модел од новата руска вселенска станица во развој

Откако Русија објави дека има намера и одлука за напуштање на Меѓународната вселенска станица (МВС), сега руската државна вселенска агенција Роскосмос посочи и како ќе изгледа нејзината нова станица во развој, т.е. претстави модел од неа.



Станува збор за руската вселенска станица наречена РОСС, која ќе биде лансирана во две етапи – за почеток со четири модули. Станицата потоа ќе биде проширена на вкупно шест модули со сервисна платформа. Дизајнот овозможува сместување на четири лица, а станицата, наводно, ќе нуди и подобри способности за следење на Земјата во споредба со условите што Русија ги има на МВС.

Сѐ уште недостасуваат подробности, како, на пр. датумите, но според тамошните медиуми, првото лансирање ќе се случи меѓу 2025. и 2030 година, а второто – меѓу 2030 и 2035 година. Тоа значи дека би можело да мине долго време откога Русија ќе ја напушти МВС во 2024 до можноста за користење функционална замена.

Роскосмос во јули објави дека ја напушта МВС како одговор на западните санкции и другите мерки наметнати поради нападот врз Украина во февруари. Така, 2024 година ќе го означи крајот на оваа 20-годишна американско-руско соработка на МВС.

Русија сепак ќе ги исполни своите обврски до 2024 година, а има и нов договор за размена на места на заедничките летови со САД.

Недостигот на своја станица, на Русија ѝ ја ограничува можноста за набљудување на Земјата, како и истражувања со ниска гравитација. Тоа е, исто така, прашање и на национална гордост – бидејќи Русија ја напушти својата станица Мир во 2001 година. РОСС не само што ќе ѝ помогне на Русија да продолжи таму каде што руските власти застанале, туку тоа ќе претставува плод на претходните и новите напори, велат тамошни извори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Направиле Јапонците робот во се ист како човек и викнале Јапонка, Французинка и Кумановка да го испробаат.
Прва влегла Јапонката, останала внатре едеп час и излегла мошне...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1883.- Во Прага е роден Франц Кавка, австриски...
1894.- Француските трупи и покрај херојскиот...
1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар...
1962.- По 132 години француска колонијална...