Ураганот Ијан ја одложи мисијата „Кру-5“ на НАСА

Ураганот Ијан ги принуди НАСА и „Спејс-Икс“ да одредат нов датум за лансирање на мисијата „Кру-5“ на Меѓународната вселенска станица.



Лансирањето, првично планирано за 3 октомври, сега ќе се случи најмалку ден подоцна. Тимовите на мисијата ќе продолжат да ги следат влијанијата на ураганот Ијан на вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА и областа Спејс Коуст на Флорида.

-Безбедноста на екипажот, копнените тимови и хардверот се од најголема важност за НАСА и ‘Спејс-Икс’, се вели во соопштението на НАСА.

Мисијата треба да ги пренесе астронаутите на НАСА – Никол Аунапу-Ман и Џош Касада, кои ќе бидат командант и пилот на мисијата, заедно со астронаутот на JAКСA (Јапонската агенција за воздушно-вселенско истражување) – Коичи Ваката и космонаутот на Роскосмос, Русинката Ана Кикина, кои ќе служат како специјалисти во мисијата.

Тие ќе патуваат до МВС заради шестмесечна научно-технолошка истражувачка мисија.

Според Националниот центар за урагани, Ијан го зафати копното на Куба вчера наутро со постојани максимални ветрови од 195 километри на час. Се предвидува дека невремето ќе се приближи до западниот брег на Флорида како исклучително голем и опасен ураган.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...