Астероид остава трага од 10.000 километри по судирот со „ДАРТ“

Нова вселенска фотографија покажува дека астероидот Диморфос, со којшто намерно се судри леталото „ДАРТ“ на американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА, остава трага од илјадници километри.



Телескопот „СОАР“ сместен во Чиле сними несекојдневна фотографија од патеката и трагата што останува зад огромната вселенска карпа што минатата недела беше погодена од вселенското летало. Трагата што ја остави зад себе астероидот е долга повеќе од 10.000 километри и се очекува тоа дополнително да се зголемува, додека целосно не исчезне. Сепак, внимателно ќе се следи и наредните недели и месеци.

Познато е дека тоа беше тест на НАСА околу промената на движењето на астероидите кои во иднина би претставувале закана за Земјата. Научниците сега истражуваат дали намерниот судир бил успешен или дали траекторијата на астероидот е навистина променета.

Фотографијата е направена два дена по судирот.
Мисијата „ДАРТ“ чинеше 325 милиони долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...