НАСА: „Артемис 2“ закажан за 2024 година

Американската Национална воздушно-вселенска администрација - НАСА соопшти дека, според досегашниот тек, е на добар пат да ја оствари својата мисија со луѓе околу Месечината следниот ноември, по успешниот пробен лет без посада.



Притоа е објавено ажурирање на програмата „Артемис“ за испраќање луѓе на Месечината. Инаку, првата мисија „Артемис 1“ заврши успешно во декември кога капсулата „Орион“ без астронаути и по повеќе од 25 дена патување околу Месечината - без да слета на неа, потоа се врати безбедно на Земјата. Ако сѐ оди според очекувањата, „Артемис 2“ ќе полета во ноември 2024 година и треба да однесе четворица луѓе околу Месечината, повторно - без да слета на единствениот природен сателит на Земјата.

НАСА подоцна оваа година ќе ги открие имињата на членовите на посадата. Засега се знае дека само еден од нив ќе биде Канаѓанец.

А пак, „Артемис 3“, планирана за околу 12 месеци по мисијата „2“, ќе треба да слета со астронаути, првпат на Јужниот Пол на Месечината.

НАСА, исто така, се надева дека подоцна ќе почне и оствари повеќегодишно патување до Марс. Во рамки на мисиите „Артемис“, НАСА планира да испрати жена и личност која не е белец, на Месечината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...