Нова научна теорија: Тело-натрапник го нарушило обликувањето на Сончевиот Систем

Кога го замислуваме Сончевиот Систем, имаме предвид „правилно“ распоредени планети и кружни орбити во речиси „совршен“ и „рамен“ диск околу Сонцето. Сепак, според науката, овој планетарен систем е далеку од рамен. Важи за доста „искривен“, се наведува, со бројни ексцентричности и отстапувања.



Научниците долго време дебатираат околу причините за таа појава... Па така, физичарите Герет Браун и Хано Рејн од Универзитетот на Торонто во Канада и астрономот Рену Малхотра од Универзитетот на Аризона во САД изнесоа нова претпоставка којашто вели дека тн. „натрапник“, т.е. туѓо тело можеби било виновникот - што го пренасочил обликувањето на нашиот систем.

„Можниот случај на блиска средба со меѓуѕвездено тело нуди веродостојно објаснување за потеклото на умерените ексцентричности и наклонетости на планетите... Хипотетичкиот објект можеби и не бил планета, но требало да биде доволно масивен за да предизвика гравитациско нарушување што би имало трајни ефекти врз дискот и планетарните орбити на Сончевиот Систем“, велат истражувачите во написот објавен на порталот „Арксив“ (arXiv).

Се смета дека нашиот планетарен систем настанал од маглина - огромен облак од прашина и гас, пред околу 4,6 милијарди години. Сонцето најверојатно почнало да се создава прво, како последица на ударниот бран што го разнела супернова којашто експлодирала во близина. Потоа, почнал да се обликува и протопланетарен диск од честичките прав и гас што доаѓале од таа маглина, што пак, на крајот се кондензираат во планети коишто, следствено, привлечени од гравитацијата на Сонцето, се наредиле во своите орбити.

Научниците мислат дека некаде при настанувањето на Сончевиот Систем, „непосакувано“ туѓо тело - меѓу 2 и 50 пати поголемо од Јупитер, навлегло во тој простор, доволно колку „да го навали“ дискот на орбитите и да ги издолжи тие патеки на планетите, пред да излезе од планетарниов наш систем.

Пресметките говорат дека ваков „упад“ би имал еден отсто шанси да го преобликува нашиот Сончев Систем.

Ако навистина имало такво тело-натрапник, што точно било тоа и каде отишло - засега сè уште не може да се утврди. Можно е тоа да било некоја планета однадвор чијашто орбита во одреден миг навлегла во нашиот систем, или пак, друго тело со неправилна патека на движење. Истражувачите велат дека втората можност можеби значи дека тоа мистериозно тело повторно ќе се врати во внатрешноста на Сончевиот Систем. Сепак, пресметките велат дека веројатноста за тоа да се случи, е меѓу 1 спрема 1.000 и 1 спрема 10.000, но нема да дочекаме такво нешто следните 20 милиони години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто мажите и даваат имиња на своите пениси?
- Затоа што не сакаат некој безименко да донесува 98% од нивните одлуки.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1473.- Роден е Никола Коперник, полски астроном,...
1743.- Роден е Луиџи Бочерини, италијански...
1797.- Папата Пие VI со Наполеон Бонапарта го...
1800.- Наполеон Бонапарта се прогласи за прв...