НАСА по неколкудневен молк даде објаснување за мистеријата со светлите точки на Марс што ги смини вселенскиот ровер „Кјуриозити“ на 3 и 4 април.
Според НАСА, не станув збор за вонземјански контакт туку за природен феномен односно рефлексија на светлина што ја регистрирале камерите на „Кјуриозити“.
Џастин Маки од лабораторијата „Џет пропулшн“ на НАСА, кој ги изработи камерите на „Кјуриозити“, вели дека светлите точки се отсјај од Сонцето на камен или космички зрак што го забележале објективите.
- Една од можностите е дека светлината е сончев отсјај на камен на површината на Марс. Во моментот кога биле снимени фотографиите, Сонцето било во исто рамниште како и отсјајот, западно-северозападно од роверот и релативно ниско на небото, појаснува Маки.
Светлите точки беа снимени на две фотографии од десната, но не и од левата страна на „Кјуриозити“ иако навигациската камера што ги направила е стерео.