Откривањето на нова планета покренува нови прашања за соларниот систем

Астрономите изјавија дека пронашле уште една планета на самиот крај од нашиот соларен систем. Ова е втора планета од овој вид, која што може да покрене уште многу наши нејаснотии за соларниот систем.

Новата мала планета, наречена 2012 VP113 (со име Biden), ја откриле Чад Трујило и Скот Шепард. Со ова откритие тие сфатиле дека првата планета откриена на ова место, воопшто не е случајна.



- Со ова откритие постои нешто што ние не го знаеме за нашиот соларен систем и тоа е нешто многу важно. Почнуваме да откриваме што точно има зад границите на нашиот систем, изјави Трујило.

Она што тие не можеле да си го објаснат е како оваа ново откриена планета е поврзана со сончевата гравитација, бидејќи претходната планета која е слична на оваа, воопшто не се наоѓала во близина на Сонцето.

- Навистина не знаеме како се нашле овие планети токму на крајот од системот. Знаеме дека предметите во вселената не се формираат туку-така, бидејќи многу е тешко да се формира планета далеку од Сонцето. Мора да кружат околу орбита, блиску до Сонцето за да се формира планета. Па не мислиме дека ниту првата ниту оваа планета се формирале токму на тоа место. Главното прашање е како стигнале до таму, се прашува астрономот Скот.



Хипотезите на кои работат астрономите се мошне интересни, бидејќи нивниот тим ја истражува вселената уште од почетокот на формирањето на соларниот систем. Тие ангажирале и други астрономи кои во целост ги истражуваат границите на нашиот соларен систем, затоа што сметаат дека таму може да постојат уште многу други предмети и планети. Кога ќе завршат целосно со испитувањето се надеваат дека ќе добијат одговор на најголемите прашања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...