Кој сè стапнал на Месечината?

Пред 45 години, за прв пат човекот стапнал на Месечината. По четири и пол децении и неверојатни напредувања во технологијата, до денешен ден се случиле само уште 12 зачекорувања на Месечината и тоа само од астронаутите дел од мисиите Аполо на НАСА.

Аполо 11 (20 јули 1969 година)



Нил Армстронг

Шест часа откако лунарниот модул на мисијата Аполо 11 слетал на површината на Месечината, Армстронг ја изговорил една од најпознатите реченици во историјата на човештвото: Ова е мал чекор за човекот, но огромен за човештвото. По оваа мисија, Армстронг се повлекол од НАСА и имал мирен живот, а во 2012 година почина.

Едвин Баз Олдрин

Олдрин заедно со Армстронг зачекорил по Месечината, и целата прошетка траела два и пол часа. Тие поставиле порака на плоча: Дојдовме во мир и во име на човештвото. И додека Армстронг бил првиот човек кој стапнал на Месечината, Олдрин бил првиот човек кој уринирал на Месечината. Важно во нешто да си прв, нели?

Аполо 12 (19 ноември 1069 година)



Чарл Пит Конрад

Конрад се наоѓал на Месечината цели 3 часа и 39 минути. За време на својата екскурзија, Конрад извел експеримент со соларните ветрови и земал неколку примероци.

Алан Бин

Алан за разлика од Конрад поминал 2 часа и 58 минути на Месечината. Тој требало да постави телевизиска камера, но откако случајно ја изложил на сонце таа веќе не работела, но затоа успешно собрал неколку примероци.

Аполо 14 (5-6 февруари 1971 година)



Алан Шепард

Иако ова слетување било најпрецизно слетување од сите други, поради проблемите со комуникацијата, стапнувањето на Месечината започнало еден час подоцна. Без разлика на сè, Шепард поминал 4 часа и 49 минути при што го поставил рекордот за најголема оддалеченост.

Едгард Мичел

Едгард по прв пат го напуштил вселенскиот брод во раните утрински часови на 6 февруари, но заедно со Шепард поминал 4 часа и 35 минути на површината на Месечината собирајќи примероци и прашина.

Аполо 15 (31 јули – 2 август 1971 година)

Ова е прва мисија во која е користен лунарен ровер



Давид Р. Скот

За време на три различни прошетки по Месечината, Скот поминал 18 часа и 37 минути на површината на Месечината, вклучувајќи и 30км кој ги поминал со помош на лунарниот ровер.

Џејмс Арвин

Арвин заедно со Скот собрале повеќе од 77кг примероци. Арвин во 1972 година ја напуштил НАСА и се посветил на својата вера – христијанството.

Аполо 16 (20-23 април 1972 година)



Чарлс Дјук

Дјук поминал повеќе од 71 час на Месечината со три прошетки. При првата прошетка, која траела 7 часа и 11 минути, тој ги истражувал кратерите и собирал примероци.

Џон Јанг

Јанг со помош на лунарниот ровер поминал 4км на месечевата површина. Бил пилот на два лета на вселенски брода по Аполо 16 мисијата и не се пензионирал од НАСА.

Аполо 17 (12-13 декември 1972 година)



Еуген Сернан

Мисијата Аполо 17 се состоела од три мисии кои вкупно траеле 22 часа и 4 минути. Сернан прв ја напуштил мисијата.

Харисон Х. Шмит

Шмит бил единствениот геолог меѓу астронаутите, а еден од примероците кои ги собрал – Troctolite 76535 – бил опишан како „без двоумење ова е најинтересниот примерок кои мисиите го донеле на Земјата“. Неговото значење се крие во тоа што сугерира дека Месечината некогаш имала магнетно поле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...