Фосилизираната бутна коска, која многумина ја видоа на сликите од Марс, објавени од НАСА, всушност е само обичен камен, тврдат научниците.
- Не е во прашање вонземска коска. Научниот тим, кој стои зад оваа мисија мисли дека до овој облик на камен дошло поради ерозија од вода и ветар, стои во соопштението кое го објави НАСА.
Од друга страна многумина тврдат дека тоа е доказ дека постои или постоел живот на Марс.
- Ова е доказ дека на Марс постоеле живи суштества, напишал еден блогер на Northern Voices Online, додека друг го споредува објектот од фотографиите со фосилизиран ’рбет на рептил и човечки прст.
По се изгледа дека научните мислења нема да ги закопаат засекогаш верувањата дека на Марс навистина постоел живот.