Вселенскиот брод на Европската вселенска агенција, Rosetta, испрати неколку спектакуларни фотографии на кои е прикажан голем камен во облик на пирамида, кој се наоѓа на површината на комета.
Членовите на тимот кој раководи со Rosetta го именуваа овој 25 метри висок камен Comet 67P/Churyumov-Gerasimenko „Cheops”, по најпознатиот комплекс на пирамиди во Египет. Првите фотографии од оваа карпа пристигнале во август и оттогаш Rosetta постојано ја фотографирала од близу и од различни агли.
- Површината на карпата изгледа како избраздена и нерамна. Особено интригирачки се малите парченца кои ја имаат истата текстура и облик како и внатрешните, изјави Хогер Сиеркс, главен истражувач во мисијата на Rosetta.
Сепак, постојат уште многу делови од карпата Cheops кои не се испитани. Научниците ќе се обидат да истражат од што се создадени карпите, колку се чести и како се создаваат. Поради поголема активност на кометите можно е карпите да се повидливи за камерата на вселенскиот брод. Најблиските фотографии се сликани на растојание од 15км. Но на 9 октомври Rosetta се доближи уште повеќе до карпата, односно на 10км од нејзината површина.
Rosetta, која се лансираше во вселената во март 2004 година, има мисија да постави сонда во орбита на комета.