Конечно решена мистеријата за објектот во центарот на галаксијата

Мистериозниот објект кој се врти околу супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија ги изненади астрономите, затоа што успеал да ја преживее средбата со црната дупка. Благодарение на ова преживување, научниците успеале да ја решат мистеријата за објектот познат како G2.

Овој објект е откриен во 2011 година и од тогаш научниците водат дебата во врска со тоа дали се работи за голем облак од гас или ѕвезда опкружена со гас.



- G2 преживеал и среќно продолжил со својата орбита. Простиот гасен облак тоа не би можело да го преживее. Црната дупка буквално не влијаела врз објектот, а немаше никакви реакции од сударот, изјави Андреа Гез, предводничка на ова истражување.

Научниците се надеваа дека преку набљудувањето ќе дојдат до податоци за да откријат што всушност е ова тело, но и информации за тоа како материјата се однесува во близина на црните дупки и како супермасивните црни дупки „јадат“ и еволуираат. И додека некои истражувачи мислеа дека G2 е гасен облак, други тврдеа дека не постои доволна количина на тези кои би го потврдиле тоа.

- Неговата орбита потсетува на орбитата на други ѕвезди. Јасно е дека постои некој феномен кој се случува и дека постои слој на гас кој врши одредена интеракција затоа што гледаме мало протегнување, но тоа не ја спечува ѕвездата да се наоѓа во центарот, додаде Андреа.

Сега, по неколку месечно истражување, научниците можат да кажат дека G2 е само една од новите ѕвезди близу црните дупки, кои се создадени поради спојување на две бинарни ѕвезди од силната гравитација на црната дупка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...