Подгответе го автомобилот за зима

Можеби сè уште не сте облекле зимска јакна или капут, но сепак време е да го подготвите вашиот автомобил за зима уште пред да почнат студовите.Исчистете го возилото однатре и однадвор

Бидејќи површината на вашиот автомобил е многу осетлива во зима, најдобро е пред да фати мраз и снег убаво да ја исчистите и исполирате. Ова ќе му биде доволно на автомобилот до крајот на зимата и ќе ја заштити бојата и нејзиниот сјај.

Исто така внатрешноста убаво исчистете ја од ѓубре и прашина. За да ви биде пријатно во зимските денови кога греењето е вклучено, инвестирајте во освежувач на воздух за вашиот автомобил.



Проверете го акумулаторот и електриката

Студеното време е непријател на акумулаторот. Наједноставен тест е вклучување на светлата пред да го вклучите моторот. Ако светлата стануваат по бледи откако ќе го стартувате автомобилот, би требало да го проверите акумулаторот кај стручно лице.

Тестирајте го и системот за греење. Вклучете го да проверите како работи пред да започнат студените денови. Како додаток на ова треба да го проверите и системот за греење и одмрзнување на задното стакло бидејќи често ќе ви биде многу потребен.

И светлата треба да ви бидат исправни во зима деновите се пократки.

Проверете и сменете ги течностите

Под ова се подразбира проверка на маслото, водата и антифризот. Видете дали имате доволно до препорачаното ниво и дали од некаде ви тече или капе.

Додека ги проверувате течностите, би требало да вклучите проверка и на кочниците. Мразот кој допрва ќе дојде најдобро е да го дочекате со исправни кочници.

Максимизирајте ја видливоста

Поради облачните денови кои ги носи зимата, снеговите и мразот, видливоста може значително да се намали. Затоа имајте покрај себе се што ви е потребно за да си помогнете. Би требало секогаш во својот автомобил да имате крпа за бришење на замаглените прозорци што се однесува на внатрешната страна, а за надворешната повеќе од потребни ви се бришачите. Бидете сигурни дека се исправни и предните и задните и дека ја покриваат целата површина на прозорецот.

Зимска опрема

Можеби веќе ја имате комплет кога сте го купиле автомобилот и уредно ви стои во багажникот, но ако ви недостасува некој дел итно снабдете го. Имајте четка за снег, длето за мраз, прва помош комплет и сајла за влечење и секако најважното за возење на снег - синџири за тркалата. Од првиот ден на зимската сезона до последниот, секогаш имајте ги во багажникот. Можеби нема воопшто да ви притребаат ако постојано возите низ град, но ќе ви се најдат ако тргнете на зимување, а и подобро е да ги имате отколку да добивате казни од полициската контрола.

Ако пак решите да тргнете на долго зимско патување имајте при рака ќебиња, светилка, свеќи и кибрит и шише вода.

Ставете соодветни гуми

Постојат гуми за сите сезони, кои пред сè се економични и практични но не доволно сигурни. Ако се решите и ако можете да си дозволите, имајте зимски гуми кои ќе ги користите откако ќе започне сезоната на снег и мраз. Летните гуми уредно спакувајте ги во пластични кеси или вреќи и обидете се да го извадите воздухот, односно да ги вакумирате колку можете. За кои гуми и да се решите проверете го притисокот и дали се исправни.

Откако ќе ги завршите сите овие подготовки, ви останува само уште едно нешто - да возите внимателно, со брзина приспособена на патот и временските услови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...