ПРОДОЛЖУВА ЕВОЛУЦИЈАТА НА APPLE

Ни доаѓаат iPhone 6S и iPhone 6S Plus како и револуционерниот iPad Pro

Apple синоќа и официјално го објави излегувањето на долгоочекуваниот iPhone 6S, заедно со поголемиот iPhone 6S Plus.

Претседателот на технолошкиот гигант на вчерашната конференција во Сан Франциско Apple освен новата генерација на iPhone ги претстави новитетите на Apple Watch, а не заборави да се пофали дека купувачите и корисниците во 97 отсто се задоволни од овој производ и покрај поинаквото тврдење на конкуренциајта.

Сепак најважната новина беше големиот 12,9 инчен iPad Pro, како и новитетите поврзани со Apple TV.



Новиот iPad доаѓа со дополнителна тастатура, кој изгледа дека ќе им биде конкурент на класичните лаптопи, со што би требало да ги привлече обичните корисници.



Неговата цена изнесува 799 долари, а ако сакате дополнителна тастатура и пенкалце, цената надминува 1000 долари, што за американски услови и не е многу, за разлика од кај нас.



Срцето на новиот таблет е новиот A9X процесор, а од Apple тврди дека уредот е до 80 проценти побрз од стандардните преносни компјутери, a има графички перформанси на рангот на конзолите за играње и персоналните компјутери.

Тој има дебелина од само 6,9 милиметри, а со едно полнење батеријата може да издржи 10 часа.

iPhone 6S и 6S Plus на Apple немаат многу новитети, но Тим Кук рече дека 6-та е најпопуларниот модел досега, а освежувањето со S и S Plus само ќе го подобри тоа.



Екраните доаѓаат со иста димензија ­ 4,7 и 5,5 инчи, а кај новите модели може да се издвојат три битни работи: процесорот и графиката се многу повеќе моќни во споредба со претходните модели, т.е. процесорот е за 80 проценти побрз, а графичката картичка е за 90 отсто побрза. Подобрувања доби и iSight камерата со 12 мегапиксели. Покрај подобриот квалитет на сликата, камерата ќе фокусира побрзо и попрецизно, а овозможено е и снимањето на видеа со 4K резолуција.



Третиот новитет на Apple е 3D Touch технологијата, која препознава јачина на притискање на дисплејот. Таа е слична на Force Touch кај Apple Watch каде корисникот може да го притиска дисплејот со малку повеќе притисок и да добие уште неколку функционалности како кај самиот iOS, така и внатре во самите апликации.



Тим Кук го претстави и новиот Apple TV, најавувајќи дека долго време работеле на новиот модел. Тој додаде дека иднината на овој уред е во моќниот хардвер, моќниот оперативен систем, врвното корисничко искуство и апликациите.



Smart часовникот на Apple доби поголем избор на апликации, а меѓу новите се и Facebook Messenger, GoPro, iTranslate и AirStrip One.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...