Екстракција на ураниум од морската вода

Научниците од Oak Ridge National Laboratory и Pacific Northwest National Laboratory развиле материјал кој ефективно може да го извлекува ураниумот од морската вода.

Доколку истражувањето се покаже како успешно, ураниумот екстрахиран од океаните би можел да се искористи за напојување на сите поголеми светски градови, во траење од илјадници години.



Проектот (финансиран од министерството за енергетика на САД) користи материјал составен од плетени полиетиленски влакна обложени со хемиски амидоксим. Амидоксимот во солена вода, го привлекува ураниум диоксидот и го сврзува за плетенките, кои можат да се со неколку метри должина и 15-тина сантиметри дијаметар.

Потоа, преку киселински процес научниците можат да го повратат ураниумот во форма на уранил јони, продукт кој бара процесирање и збогатување пред да се претвори во гориво.



Истражувачите велат дека во морската вода концентрацијата на ураниум е 3.3 микрограми по литар, што значи целата водена површина на земјата содржи околу 4 билиони тони ураниум. Со сегашниот процес, потребни се околу 8 недели за да се екстрахираат 6 грама, а на една 1-гигаватна нуклеарна централа и се потребни околу 27 тони ураниум за да функционира една година. Како што може да се заклучи, моментално целиот овој процес е исклучително скап и неефикасен за комерцијална употреба, меѓутоа неговото усовршување ќе помогне во планирањето на иднината на нуклеарната енергија и нејзиното искористување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...