Како што и очекувавме, компанијата Apple соопшти дека на 27 октомври ќе го промовираат најновиот Apple Mac.
Според гласините на корисниците, новиот MacBook ќе има OLED бар екран над тастатурата, кој динамично ќе прикажува различни функционални тастери, служејќи како замена за нив. Исто така, многумина сметаат дека класичниот USB влез ќе биде заменет со USB-C port.
Се предвидува дека заедно со овој компјутер, може да пристигне и новиот iMac десктоп, MacBook Air, како и новиот посебен 5K монитор.
Поканите за овој настан, беа испратени со зборовите „hello again“, што потсетува на оригиналниот Apple Macintosh од 1984 година, кој му беше прикажан на светот со зборот „hello“.