Oceanix - амбициозен план за пловечки град на иднината

Извршниот директор на програмата UN-Habitat на Обединетите Нации, Маимунах Мод Шариф, изјави дека ОН ќе го поддржат концептот за пловечки град кој им бил претставен од градежници, инженери и архитекти од компанијата Оceanix.

Според Oceanix, истоимениот град би бил дизајниран да издржи разни природни катастрофи како поплави, цунами и урагани од категорија 5. Концептот е дизајниран од познатиот архитект Бјарк Ингелс.

Градот би се состоел од шестоаголни платформи, од кои на секоја би можеле да живеат околу 300 жители. Група од 6 платформи би се нарекувала „село“, а целиот град би содржел 6 села со околу 10 000 жители.

Во овој град нема да постојат камиони за ѓубре, туку пневматски цевки ќе го транспортираат ѓубрето до станици за сортирање каде ќе биде идентификувано и селектирано за друга намена. Дизајнот овозможува употреба на автономни возила, а би се експериментирало и со испораките со дронови.



Во Oceanix би постоело „океанско земјоделство“, т.е во кафези под површината на водата би се одгледувала храна, аквапонските системи би го користеле отпадот од рибите за ѓубрење на растенијата, а вертикалните фарми би генерирале продукти кои би се користеле во текот на целта година.

Сите овие технологии ќе помогнат градот самиот да се одржува во случај на ураган или друга природна катастрофа. Во тој случај пловечките платформи кои се зацврстени за дното на океанот би можеле да се преместат на побезбедна локација.



Платформите ќе бидат зајакнати со Biorock („биолошки камен“), материјал креиран со експонирање на подводни минерали на струја, што доведува до формација на слој од варовник кој е 3 пати поцврст од бетонот, но може да плови. Овој материјал станува сè поцврст со тек на времето и може и самиот да се поправа кога е експониран на струја.

Градот би имал и систем кој собира вода од воздухот, кој би се користел во случај на некоја катастрофа – генераторите би можеле да го собираат воздухот од атмосферата, да го кондензираат во вода и истата да ја филтрираат од нечистотии како метали и бактерии. Облакодери нема да постојат, а зградите ќе бидат високи помеѓу 4 и 7 ката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...