Малечки роботи за чистење на забите

Чистењето на забниот каменец е долг и непријатен процес, при што се користат механички алатки за негово отстранување.

Но, што ако стоматологот би можел да активира армија малечки роботи кои прецизно и неинвазивно би го отстранувале каменецот?



Со два вида на роботски системи – еден дизајниран да работи на надворешни површини, а друг внатре во тесни простори – научниците покажале дека роботи со каталитичка активност можат да уништуваат биофилмови (лепливи групи бактерии прекриени со заштитна обвивка). Ваквите роботски системи би можеле да се користат за чистење на разни водоводни цевки, катетери, како и за намалување на ризикот од расипување на заби, ендодонски инфекции и контаминација на импланти.

Биофилмовите се тешки за отстранување бидејќи лепливата мешавина која ги држи бактериите заедно ги заштитува од антимикробните агенси.

Во едно претходно истражување, научниците успеале да уништат биофилм со наночестички кои содржат железо-оксид кои функционирале каталитично, активирајќи водород пероксид за ослободување на слободни радикали кои ги убивале бактериите и го уништувале биофилмот.



Оваа нова роботска платформа користи многу слични наночестички со железо-оксид како градбени блокови на микророботи, контролирани со помош на магнетно поле.

Овие каталитички антимикробни роботи (CAR) се способни за уништување и отстранување на биофилмови, а тестирани биле два вида на вакви системи. Првиот вклучувал наночестики железо-оксид во раствор кои со помош на магнети биле насочувани кон биофилмовите и ги отстранувале како со плуг, додека вториот вклучувал креирање на тродимензионални форми од гел составен од наночестичките, кои потоа биле искористени за уништување на биофилмови во цевки.

И двата вида CAR ефективно уништувале бактерии и го отстранувале „отпадот“ од нив, а по тестирање врз биофилмови кои растеле на рамни стаклени површини или стаклени цевки, истражувачите се обиделе да отстранат биофилм од тешко достапни делови на човечки заб.

CAR биле способни да уништат бактериски биофилмови не само од површината на забите, туку и од еден од најтешко пристапните делови на забот – исмусот, тесниот коридор помеѓу каналите во коренот каде биофилмовите најчесто се развиваат.

Сега се работи на создавање услови за клиничко тестирање на овие роботи, од кои истражувачите кои ги создале имаат голема поддршка од разни релевантни институции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...