IKEA наскоро со роботски мебел за мали апартмани

Шведскиот производител на мебел IKEA во партнерство со американската стартап компанија Ori планира да креира линија на роботски мебел кој на луѓето ќе им овозможува да си го креираат „домот од соништата во многу мали простори“.



Линијата наречена ROGNAN го оптимизира бројот на квадратни метри кои се на располагање претворајќи го просторот во модуларен и прилагодлив простор за живеење. На видеото кое ја презентира оваа линија е прикажано како една комбинација од кауч и гардеробер во себе може да крие кревет, како и работен простор за, на пример, лаптоп.

Целиот систем може да се движи со притискање на само едно копче со помош на тркалата вградени во него.



Овој систем во „трансформерс“ стил содржи кревет, кауч, место за складирање предмети или облека, како и работен простор – сето тоа во 10 квадратни метри – што значи дека може да собере и во најмалиот студио апартман.

Линијата ROGNAN ќе започне со продажба во продавниците на IKEA следната година, а повеќе детали во врска со него ќе бидат објавени летово.

ROGNAN from IKEA Today on Vimeo.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...