Холограм на Microsoft може да зборува странски јазици

Џулија Вајт од Microsoft на Inspire партнерската конференција демонстрираше како е возможно не само да се креира холограм кој е скоро идентичен со некоја личност, туку истиот да зборува друг јазик со гласот на таа личност.



Демонстрацијата беше возможна благодарение на комбинација на две веќе постоечки технологии – мешана реалност и неврална технологија за претворање на текст во говор.

За потребите на демонстрацијата, првиот чекор на Microsoft бил да се креира холограм во природна големина на Џулија, што било постигнато во едно од нивните студија за мешана реалност (Mixed Reality), каде таа била снимена како ја изведува презентацијата на англиски јазик.



Тоа било доволно за секој кој го носи HoloLens уредот на Microsoft да има впечаток како Џулија да стои пред него, давајќи го говорот.

За холограмот на Џулија да зборува на јапонски, Microsoft користел неврална технологија за претворање на текст во говор, за да се креира нејзиниот „персонализиран гласовен потпис“. Откако тоа било постигнато, холограмот можел да каже било што, на било кој јазик, со гласот на Џулија.

Ваквата технологија ги отстранува многуте бариери помеѓу говорникот и публиката. Замислете некој светски лидер да дава говор и секоја личност низ целиот свет да го гледа истиот лидер како да е со нив во собата, зборувајќи на нивниот мајчин јазик, или некој светски познат професор како дава лекција на која секој може да присуствува и да ја разбере, без воопшто да излезе од дома или да го знае мајчиниот јазик на говорникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...