Со Neuralink поврзан мозок на мајмун со компјутер

Елон Маск ги објави најновите резултати од развојот на Neuralink, невротехнолошки стартап кој би креирал поврзаност помеѓу луѓето и компјутерите.



Во говорот пред калифорниската академија на науките во Сан Франциско, тој откри дека имплантот бил тестиран врз мајмун, кој му овозможувал со мозокот да контролира компјутер, а исто така поднел барање за одобрување на тестирање на уредот врз луѓе.

Како што Елон објасни, луѓето веќе се на некој начин поврзани со дигиталните системи, со користење на смартфон или лаптоп, со тоа што внесот на податоци се одвива преку тапкање со прстите, што значи дека протокот на информации е релативно бавен. Со имплантот, таа комуникација помеѓу мозокот и дигиталниот систем би била скоро инстантна, до степен да компјутерот стане продолжување на нашата сопствена когниција.



Уредот се состои од малечка сонда составена од ултратенки флексибилни влакна (потенки од влакното на косата), кои можат да детектираат активност во невроните и ефективно да го „читаат“ мозокот, иако само мал дел од него.

Дури е развиен и робот кој може да го имплантира уредот во животни (првенствено глувци), под надзор на неврохирург. Според студијата биле извршени најмалку 19 операции на глувци од страна на роботот, со успешност во 87% од случаите.

Иако Neuralink треба да помине уште многу долг пат додека да има било каква практична намена, сепак надежта е дека оваа технологија би можела да се користи за третирање на бројни мозочни повреди и болести, вклучувајќи ги и парализата и Алцхајмеровата болест.

Елон се надева дека еден ден ќе имаме целосна поврзаност помеѓу мозокот и машините и дека би можеле да постигнеме еден вид на симбиоза со вештачката интелигенција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...