Пакет за претворање на обичен велосипед во електричен

Лондонската стартап компанија Swytch Technology претстави пакет со чија помош може секој регуларен велосипед да се претвори во електричен со домет до 65 километри.

Swytch пакетот го заменува предното тркало со моторно и содржи контролер кој се фиксира помеѓу рачките на велосипедот.



Напредната литиумска батерија има моќност од 240w и овозможува домет од 65 километри и максимална брзина од 25км/ч., а сензорот за брзина кои корисниците можат да го прикачат на педалата е способен да го детектира нејзиното движење нанапред за да го активира моторот – наместо тоа да се прави преку главниот контролер.

Мисијата на компанијата е оваа врвна технологија да биде достапна за секого и проценуваат дека 99% од 1 милијарда велосипеди во светот можат да се конвертираат со овој пакет.



Моментално Swytch пакетот за конвертирање може да се нарача преку нивниот вебсајт и е исклучително лесен за монтирање и лесно може да се отстрани, овозможувајќи им на корисниците да си ги користат велосипедите како порано. Цената ќе биде позната во септември, кога и ќе дебитира на велосипедски саем во Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...