Мона Лиза рекреирана во 3D за изложбата на да Винчи

Лувр во партнерство со HTC VIVE креираше изложба во VR (виртуелна реалност) наречена „Mona Lisa: Beyond the glass”

Со помош на инфрацрвени зраци, икс зраци и рефрактивни податоци, тие направиле 3D модел од познатиот портрет и откриле како таа би изгледала во движење.

VR артистите работеле со експерти од музејот за да го лансираат ова VR искуство заедно со досега најобемната изложба на делата на Леонардо да Винчи.



Целта на овој проект е да го демократизира пристапот кон уметничките искуства преку споделување на уникатни детали поврзани со портретот на Мона Лиза и тоа одблиску, „еден на еден“, што е невозможно при вообичаената посета на музејот бидејќи поради огромната гужва посетителите ретко имаат повеќе од 30 секунди да ја гледаат сликата.

VR искуството целосно ја отстранува таа гужва и на гледачот му дава можност одблиску да го гледа ова ремек дело, откривајќи му детали невидливи за голото око, како и информации поврзани со техниките кои да Винчи ги користел да го наслика.



HTC поставиле специјална соба со 11 Vive Cosmos VR кациги, која ќе биде дел од изложбата по повод 500-те години од смртта на Леонардо да Винчи во Франција,и која ќе биде во халата Наполеон во Лувр од 24 октомври 2019 до 24 февруари 2020-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...