Твитер со предупредување: Ги отстрануваме неактивните корисници

Социјалната мрежа Твитер предупреди дека ќе ги отстрани профилите на корисниците кои немаат пристапено на мрежата шест месеци, соопшти синоќа „Верџ“, повикувајќи се на соопштенија што корисниците ги добиле од компанијата.



Од Твитер истакнуваат дека ако сакаат да го зачуваат профилот, корисниците треба да се логираат најдоцна до 11 декември.

Одлуката за отстранување на профили компанијата ја објаснува со потребата на корисниците да им понуди веродостојни информации. Изданието наведува дека во Твитер се надеваат дека ќе ги натераат корисниците на поголема активност на мрежата ако тие отворат свој профил таму.

Компанијата укажала дека бришењето на профили ќе трае неколку месеци. Имињата на профилите што ќе бидат избришани може да станат достапни на нови корисници, но компанијата не одговори кога може да се случи тоа.

Според „Би-би-Си“, налозите кои автоматски испраќаат вести и различни известувања, исто можат да бидат избришани ако тие останат неактивни до 11 декември. Се вели дека отстранувањето на профилите нема да влијае на вкупниот број на корисници на мрежата.

Покрај неактивните корисници, ќе бидат отстранети и профилите на сопственици кои починале и раководството на Твитер на ја исклучува можноста овие профили да ги остави во спомен на починатите, како што тоа го прави Фејсбук.

После ревизијата за период од неколку години наназад, се дозна дека од 2015 година бројот на корисници на Твитер се намалувал за 1 милиони месечно. На социјалната мрежа сега се регистрирани 145 милиони луѓе. Компанијата призна дека бројот на корисници бил преувеличен, а тоа било резултат на активноста на текстуални апликации од трети страни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...